Барселона го задржува централниот дефанзивец Самуел Умтити кој потпиша нов договор со клубот до 2026 година. Французинот се очекуваше да направи трансфер овој месец, но очигледно на „Камп Ноу“ не добиле понуди за него и донеле друга одлука.
Новиот договор на Умтити со Барселона е до 30 јуни 2026 година.
Во официјалното соопштение на каталонците се нагласува фактот дека Умтити се согласил да ја намали својата плата, што го отвора патот за регистрација на новото засилување Феран Торес.
Минатата недела Барселона се раздели и со Филипе Кутињо кој заминува на позајмица во Астон Вила.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













