
Реал Мадрид го победи Реал Сосиедад на гости со 0-1 во првиот меч од полуфиналето на шпанскиот Куп. Но, и овој дуел не мина без проблеми од трибините. Имаше расистички навреди за Винисиус Жуниор, но и уште поскандалозни извици за Раул Асенсио.
Мечот беше накратко прекинат поради навредливи скандирања од трибините. Домашните навивачи извикуваа „Асенсио, умри“.
„Сметам дека судијата реагираше правилно. Винисиус разговараше со него и тој го прекина натпреварот, како што е предвидено во протоколот. Тој постапи како што треба. Што се однесува до Асенсио, го извадив од игра од две причини: првата е што веќе имаше жолт картон, а втората е што беше потресен од тие навреди. Никој не сака да слуша како од трибините му скандираат „умри“. Тој беше разочаран и решив да го заменам“, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Донарума се договори со Манчестер Сити

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Победата е најважна, патот е долг

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
