
Арсенал е во огромна резултатска криза, се наоѓа на 15.позиција на табелата во Премиер – лигата, а менаџерот Микел Артета е во непријатна ситуација. Една година по именувањето за прв стратег на „топчиите“ неговото работно место е апсолутно несигурно.
Најновата вест од „Емирати“ е дека Арсенал му дал ултиматум на Артета да забележи резултатски напредок на наредните три натпревари, или во спротивно ќе дојде до разделба.
„Секогаш сум тврдел дека на еден менаџер треба да му биодат дозволени три преодни рока за да состави тим според своите замисли. Но, ако работите тргнат многу лошо, тогаш клубот не може толку да чека. Мислам дека Артета има три натпревари дека работите можат да одат кон подобро“, изјави техничкиот директор на Арсенал, Еду.
Арсенал вечерва игра против Манчестер Сити во ЕФЛ купот, на Боксинг Деј ќе ги одмери силите со Челси, а потоа му гостува на Брајтон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
