
Фудбалската репрезентација на Украина со убедлив триумф (4-0) над Кипар го заокружија подготвителниот период пред заминувањето на Европското првенство. Селекцијата на Андриј Шевченко доминираше во текот на целиот натпревар, но головите паднаа откако Кипар остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Андреас Панајоту во 36.минута.
Јармоленко од пенал постигна гол за водство, а во последните мигови од првиот дел беше досуден уште еден удар од белата точка што го реализираше Олександр Зинченко.
Во второто полувреме стрелаа и Роман Јаремчук во 59.минута и Андриј Јармоленко во 65.минута.
Македонија ќе игра против Украина на 17 јуни на Националната арена во Букурешт, со почеток од 15 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
