Европската фудбалска организација (УЕФА) потврди дека натпреварите на фудбалската репрезентација на Македонија на Евроското првенство ќе се играат со присуство на публика. На мечевите во Амстердам, Букурешт, Копенхаген и во Глазгов ќе биде дозволено од 25% до 33% присуство на публика, со можност да биде зголемено доколку пандемијата на коронавирусот тоа го дозволи.
И на Националната арена во Букурешт и на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам ќе има околу 13.000 гледачи. Ова значи дека малку повеќе од 4.000 билети најверојатно ќе бидат достапни за македонските фанови кои ќе сакаат во живо да ја бодрат нашата фудбалска репрезентација на ЕП.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













