Челси ќе биде домаќин на Атлетико Мадрид на „Стемфорд бриџ“ во Лондон, потврди УЕФА, откако синоќа во Букурешт беше одигран првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу овие два тима. Поради неможноста англискиот тим да допатува во Шпанија поради мерките за заштита од коронавирусот, Атлетико Мадрид мораше да игра на неутрален терен во Букурешт, а не на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.
Сепак, реваншот ќе биде одигран на „Стемфорд бриџ“ во Лондон. Оливие Жиру со прекрасен гол со ножички донесе предност за Челси (0-1) по првиот меч од нокаут фазата во елитното европско клупско натпреварување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













