Connect with us

УЕФА објави колку милиони луѓе низ светот ќе го следат финалето на ЛШ

Публика од околу 450 милиони гледачи се очекува да гледа барем дел од финалето на Лигата на шампионите меѓу англискиот првак Манчестер Сити и италијанскиот тим Интер, објави Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).


Финалето во Истанбул ќе се емитува во над 200 земји, а седиштето очекува просечна гледаност од 150 милиони гледачи од минута во минута. Ова ги вклучува ТВ гледачите дома, гледаноста преку услугите за стриминг, во барови, ресторани и во фан зони.


Рекордот на посетеност беше поставен во 2014 година кога Реал Мадрид го победи Атлетико Мадрид со 4-1 по продолженијата пред просечни 184 милиони гледачи.


УЕФА очекува пад на гледаноста годинава поради одредени промени во начинот на гледање и отсуството на Реал Мадрид, кој ја имаат можеби најголема база на навивачи во светот. Минатата година, кога Реал го победи Ливерпул, УЕФА објави во просек 166 милиони гледачи. Претходното финале помеѓу двата тима во 2018 година имаше просечно 161 милион прегледи од минута во минута.


Најмалата гледаност во последните 15 години е забележана во финалето во 2021 година, кога Челси го победи Манчестер Сити во просек пред 91 милион гледачи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови