Connect with us

УЕФА најави „независна истрага“ за инцидентите во финалето на ЛШ

Европската фудбалска унија (УЕФА) вечерва најави отворање на „независна истрага“ за инцидентите што се случија на финалето од Лигата на шампионите во Париз.


Во соопштението, УЕФА објави дека ќе има „независна истрага за настаните пред и за време на финалето на Лигата на шампионите“ и вети дека „ќе ги испита одлучувањето, одговорноста и однесувањето на сите страни вклучени во финалето“.

Истрагата е доверена на независна личност, поранешниот португалски министер за образование, млади и спорт, Тијаго Брандау Родригез.

Финалниот натпревар меѓу Ливерпул и Реал Мадрид доцнеше 36 минути, поради обидите на навивачите кои немаа билет да влезат на стадионот.

Британскиот пратеник Јан Бирн, кој присуствуваше на натпреварот, за „Sky News“ изјави дека тоа е „апсолутно страшно“ и дека полициската интервенција е „брутална“.

Соочен со критики кои го нарушуваат имиџот на Франција, домаќинот на следните Олимписки игри во 2024 година, францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен рече дека станува збор за „масовна, индустриска и организирана измама со лажни картички“ и дека одговорните се „од другата страна на каналот“.

Британската влада, од своја страна, ја повика УЕФА „тесно да соработува со француските власти во истрагата“ и да ги објави заклучоците до кои доаѓа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови