
Полскиот арбитар Шимон Марчинијак ќе остане судија на финалниот натпревар во Лигата на шампионите, објави УЕФА. И покрај тоа што веше вмешан во скандал со политичка позадина во Полска, организиран од полскиот десничар Славомир Мензен, познат по своите хомофобични, расистички и антисемитски испади, сепак, УЕФА реши да му прогледа низ прсти, а Марчинијак се извини за својата постапка.
„УЕФА темелно ги истражуваше наводите поврзани со судијата Марчињак на настанот. УЕФА и целатам фудбалска заедница ги сфаќаат овие учества многу сериозно затоа што недвосмислено ги отрфламе вредностите кои ги промовира групата на споменатата конференција. По темелна проверка, добивме и изјава од судијата Марчињак дека изразува најдлабоко извинување и појасни зошто учествувал на овој настан. После изјавата, УЕФА го прифати извинувањето и појаснувањето. УЕФА утврдува дека Марчињак ќе биде во улога на главен судија на финалето во Лигата на шампионите во 2023 година“, стои во соопштението на УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Монако го именуваше Покоњоли за нов тренер

Евро-фудбал
Анчелоти ќе го води Бразил до 2030 година

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
