Connect with us

УЕФА му плати 3 милиони евра надомест на Интер за Ериксен

Кристијан Ериксен преживеа срцев удар и колабираше на натпреварот меѓу Данска и Финска на Европското пренство, а откако му беше вграден дефибрилатор, веќе не смееше да игра во Серија А. Тамошните правила не дозволуваат настап на играчи со срцеви проблеми.


Ериксен потоа успешно закрепна, потпиша за Брентфорд каде му се врати на фудбалот, а ова лето потпиша тригодишен договор со Манчестер јунајтед.

Сепак, Интер доби отштета од УЕФА во износ од 3 милиони евра, затоа што во тој период данскиот интернационалец беше член на италијанскиот клуб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови