
УЕФА размислува за укинување на продолженијата во плејофот на Лигата на шампионите. Водечките луѓе на европскиот фудбал дискутираат за промена во највозбудливата фаза од клупските натпреварувања, со цел да го намалат бројот на минути што ќе ги одиграат фудбалерите на најдобрите клубови секоја сезона.
Укинувањето би се однесувало и на Лигата на Европа и Конференциската лига, но „Гардијан“ наведува дека тоа речиси сигурно нема да се случи пред 2027 година, кога истекува актуелниот договор за телевизиските права.
Некои синдикати на фудбалери сметаат дека со укинувањето на продолженијата ќе се намали притисокот во веќе презафатениот календар, што е една од причините поради која сè повеќе играчи протестираат.
УЕФА од оваа сезона ја прошири Лигата на шампионите, па секој клуб сега игра најмалку осум натпревари во групната фаза, наместо шест. Дополнително, 12 европски клуба во јуни ќе настапат на проширеното Светско клупско првенство на ФИФА.
„Гардијан“ пишува дека укинувањето на продолженијата, кои траат двапати по 15 минути, би помогнало во решавањето на проблемот со густите распореди на натпревари во завршницата на сезоната. Англискиот медиум смета дека телевизиските куќи би ја поздравиле оваа промена, бидејќи нема да има ризик од неочекувано нарушување на програмата. Покрај тоа, помалите клубови би имале поголеми шанси да победат против тимови со поширок и поквалитетен состав.
Минатата сезона три натпревари од плејофот на Лигата на шампионите отидоа во продолженија, додека во сезоната 2022/23 немаше ниту еден таков случај. Во Лигата на Европа минатата сезона се одиграа четири натпревари со продолженија, наспроти шест во претходната сезона.
Од УЕФА за „Гардијан“ изјавиле дека расправата за укинување на продолженијата е засега неофицијална и дека одлуката мора да ја донесе Извршниот комитет. Последната голема промена во клупските натпреварувања на УЕФА беше во 2021 година, кога беше укинато правилото за гол во гости, а од 2023 година нема продолженија во УЕФА Суперкупот, кој го играат победниците на Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски потпиша за романскиот тим Конкордија

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Прва лига
Муарем Муарем е нов тренер на Башкими

Интернационалци
Виктор Треневски ќе биде тренер на црногорски третолигаш

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија
