
Европската фудбалска федерација (УЕФА) санкционираше осум клуба поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј.
Листата на санкционирани клубови е многу интересна. Иако некои клубови трошеа многу во претходните години, ги нема на списокот на кој се Милан, Интер, Јувентус, Рома, ПСЖ, Монако, Бешикташ и Марсеј.
Вкупната казна за овие тимови е 172 милиони евра. На клубовите ќе им бидат одземени паричните награди што ги доделува УЕФА преку нејзините натпреварувања, но казната нема да биде ефективна веднаш.
Санкцијата е одложена во следните три години, освен за Рома и за Интер, кои според спогодбата успеаја да добијат суспензија на казната на четири години.
Поради барањето за дополнителна година во договорот за порамнување, Рома и Интер ќе мора да ги ограничат трошоците за следната година.
Најголемата казна ја доби францускиот ПСЖ. УЕФА ги санкционираше со 65 милиони евра, а потоа следуваат четири италијански гиганти.
Рома доби казна од 35 милиони евра, Интер 26, Јувентус 23, а Милан 15 милиони евра.
Најдобро поминаа Бешикташ, Марсеј и Монако. Турскиот гигант е казнет со четири милиони евра, а двата француски клуба се казнети со по два милиони евра.
Без разлика на се, УЕФА покажа одредено разбирање за клубовите. Тие се согласија на компромиси за одложување на казните, кои се навистина огромни за повеќето клубови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот

Евро-фудбал
Алегри: Не смееме да примаме толку лесни голови
