УЕФА ја претстави новата официјална топка со која ќе се играат нокаут-фазата и финалето од Лигата на шампионите. Дизајнот на топката е инспириран од градот-домаќин на финалето, Минхен.
„Минхен, како домаќин на финалето, послужи како инспирација за дизајнот на новата топка „Аdidas Pro Ball Munich“, која ќе се користи во елиминациската фаза на Лигата на шампионите“, соопшти УЕФА.
Made for Munich, made for the #UCLfinal 🥰
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) February 10, 2025
Introducing the UEFA Champions League Final Pro Match Ball… 🏆✨@adidasfootball | #TheStarOfTheGame pic.twitter.com/YwEHVioILO
Топката има карактеристичен дизајн со бели ѕвезди и шестоаголници во светлозелена и бакарна боја, кои асоцираат на архитектурата и покривите што го обележуваат градот. Внатре во панелите се наоѓаат мали графики со симболи карактеристични за Баварија, како што се Алпите, Палатинскиот лав, цветот еделвајс, Англиската градина и хмељот.
Новата топка содржи бројни технолошки иновации, користејќи рециклиран полиестер и мастило на база на вода. Биоматеријалите се застапени во најголем процент досега во историјата на официјалните топки за Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













