Руските фудбалски селекции и клубови ќе бидат суспендирани од натпреварувањата на УЕФА и следната сезона, одлучи Извршниот комитет на Европската фудбалска организација на денешниот состанок.
Претседателот Александар Чеферин најави можност да им се даде „зелено светло“ на Русите за наредниот период, меѓутоа сепак тоа не се оствари.
Фудбалската репрезентација на Русија нема да се натпреварува во Лигата на Нации, а женската репрезентација нема да смее да учествува на Европското првенство што ќе се одржи во јули во Англија.
Не се прифатени и кандидатурите на Русија за домаќинство на ЕП 2028 или на ЕП 2032.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













