Connect with us

Удинезе украде бод против Аталанта, Несторовски првпат по шест месеци беше дел од тимот (ВИДЕО)

Удинезе успеа да освои важен бод на гости кај Аталанта играјќи 1-1 на дуелот во Бергамо. Иако домаќинот важеше за голем фаворит, сепак, не успеа тоа резултатски да го оправда на теренот.

Аталанта поведе со голот на Руслан Малиновски во 56.минута, но Бето успеа да израмни во последните моменти од натпреварот.

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски на овој натпревар по пауза од шест месеци повторно беше дел од тимот на Удинезе на официјален натпревар. Тој остана на клупата за резерви и веројатно постепено ќе се враќа во натпреварувачки ритам по операцијата на лигаментите на коленото.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови