Connect with us

Убедлив триумф на Манчестер Сити против Брајтон за втора позиција во Премиер – лигата (ВИДЕО)

Манчестер Сити славеше убедлива победа на гостински терен против Брајтон (4-1). Петкратниот освојувач на Премиер – лигата дојде до водство по само 13 минути игра. Илкај Гундоган ја искористи гужвата во шеснаесетникот на голманот на домаќинот, Роберт Санчез и го постигна својот втор погодок оваа сезона.

Потоа, следеше вистинско шоу на Фил Фоден, кој во рок од три минути, успеа да да се запише двапати во листата на стрелци. Џек Грилиш го искориси одличниот и брз контра-напад на “граѓаните”, продирајќи до пеналтикот, па се што остана е да му асистира на својот сонародник од англиската репрезентација, Фоден.

Овие двајца “актери” беа во главната улога и за време на третиот погодок на натпреварот. По уште една украдена топка, фудбалерите на Пеп Гвардиола истрчаа во контра-офанзива, а по неуспешниот обид на Грилиш да постигне гол, топката се одби до Фоден, кој го изненади голманот. Единствениот погодок на мечот го постигна Мекалистер за “галебите”, од белата точка на само 10 минути пред истекот на регуларното време. Но, тоа не беше се, па Марез погоди во 95. минута за конечни 1-4.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови