Астон Вила на Унаи Емери полека го наоѓа вистинскиот ритам. Ланскиот четвртфиналист на Лига Европа му нанесе најтежок пораз на Борнмут оваа сезона, триумфирајќи со 4-0. Стрелци беа Буанди и Онана во првото, а Баркли и Мален во второто полувреме.
Њукасл загуби на гостувањето кај Брентфорд со 3-1. Стрелци за домаќините беа Шаде и Игор Тијаго со два гола, додека Харви Барнс го постигна единствениот погодок за гостите.
Фудбалерите на Нотингaм Форест конечно го забележаа првиот домашен триумф под водство на третиот менаџер на клубот. Шумарите на Шон Дајч беа подобри од Лидс јунајтед и го совладаа со 3-1. Херои на натпреварот беа Сангаре, Гибс-Вајт и Андерсон, кој погоди од пенал, додека Лукас Нмеча го постигна единствениот гол за гостите.
Дуелот меѓу Кристал Палас и Брајтон заврши без голови, 0-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













