
Академија Пандев ќе има многу тешка задача да надомести три гола негатива на реваншот во Скопје откако вечерва загуби на гостувањето кај Лехија Гдањск со 4-1 во воведниот меч од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.
Мечот почна со инцидент на трибините и беше прекинат околу половина час, а кога екипите се вратија на теренот, почнаа и головите за домаќинот.

Во главна улога беше напаѓачот Флавио Паишао, кој постигна хет – трик. Тој го отвори резултатот во 17.минута, а Лукаш Зволински осум минути подоцна зголеми на 2-0. До крајот на првиот дел, Паишао погоди и во 39.минута за убедлива предност на Лехија на одморот.
Во второто полувреме, Флавио Паишао постигна хет – трик во 66.минута. Во завршницата од мечот, Академија Пандев постигна почесен погодок во 81.минута преку дефанзивецот Душан Јоковиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
