
Во Реал Мадрид се оптимисти дека двајца клучни дефанзивци ќе се вратат во тимот пред дуелот со Барселона на 26 октомври.
Дани Карвахал е речиси подготвен по повредата на листот, додека Трент Александер-Арнолд веќе нема проблеми со бутниот мускул. Тандемот кој ја покрива десната бековска позиција веќе тренира, а шпанскиот репрезентативец дури изведе и вежби со топка.
Трент се повреди пред еден месец на мечот против Марсеј во Лигата на шампионите, а Карвахал ја доби повредата на градското дерби против Атлетико Мадрид на 27 септември. Во нивно отсуство, на позицијата десен бек прво настапуваше Феде Валверде, а подоцна и Раул Асенсио.
Пред „Ел Класико“, „кралевите“ ќе одиграат два натпревари – против Хетафе во Ла Лига и против Јувентус во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
