Џanанлуиџи Буфон го напушта Јувентус, а неговата сопруга Иларија Д’Амико би прифатила повторно заминување странство, иако е заинтригирана од можноста за преселба во Рома.
43-годишниот голман најави дека по вторпат ќе си замине од редовите на „старата дама“ на крајот од сезоната, иако се уште не одлучил дали ќе се повлече од фудбалот. Меѓу споменатите дестинации на ветеранот е и Рома на Жозе Мурињо.
„Рим е мојот роден град, па доколку Џанлуиџи се одлучи за трансфер во Рома, нема да има потреба да купуваме куќа”, изјави Иларија. “Навистина уживам во неговите искуства во странство, а Џиџи беше многу среќен што испроба нов стил на живеење. Ако зависи од мене, јас би избрала да заминеме во странство. Но италијанската лига е секогаш привлечна можност.”
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













