Фудбалската репрезентација на Турција остана без еден од најважните играчи во пресрет на Европското првенство. На десетина дена пред стартот, на синоќешниот пријателски натпревар против Италија во Болоња, сериозно се повреди дефанзивецот Озан Кабак.
Тој ги скина лигаментите на коленото и нема да учествува на ЕВРО 2024.
Кабак се повреди по еден жесток дуел со Ретеги, а потоа беше изнесен на носилки од теренот.
Озан Кабак го очекува операција и долг рехабилитациски процес. Сигурно нема да игра до крајот на оваа година.
Турција на ЕВРО 2024 се наоѓа во група со Грузија, Португалија и со Чешка.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













