
Турција го совладаа дебитантот Грузија со 3-1 во првиот натпревар од групата Ф на Европското првенство. Иако на хартија ова не беа атрактивни селекции, на теренот покажаа завидно ниво на квалитет, тактика и на крајот – голови, што е најважно.
Два спектакуларни гола за Турција постигнаа Мулдур во 25. минута и Арда Ѓулер во 65. минута, токму на 50. роденден на легендарниот Винченцо Монтела.
Турците беа поконкретни од самиот старт, а првата шанса ја имаа, во 10. минута кога Ајхан ја погоди стативата.
Грузија возврати две минути подоцна, кога голманот Гунок го запре ударот на Меквабишвили.
Турците додадоа гас и поведоа во 25. минута, кога Мулдур постигна гол кој е кандидат за најубав на турнирот, упатувајќи волеј од работ на шеснаесетникот, директно во аголот за 1-0.
Грузија успеа да се врати и да израмни во 32. минута, кога Микаутадзе погоди за 1-1.
Истиот играч можеше да направи пресврт, зафати волеј кој заврши крај стативата.
Во продолжението беше исклучително интересно, двете селекции играа со желба за победа, офанзивно, а Турците успеаја да победат.
Во 65. минута видовме нов еврогол, Ајхан ја украде топката и ја додаде до ѕвездата на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, кој се позиционираше и од речиси 30 метри со левата нога постигна прекрасен гол за 2-1.
Грузија можеше да се врати во мечот пет минути подоцна кога Кохорашвили можеше да израмни, но беше за малку непрецизен.
Во финишот Грузијците тргнаа на сѐ или ништо.
Грузија имаше стопроцентна шанса во третата минута од судиското надополнување, шанса имаше Микаутадзе, но неговиот соиграч го спречи подобро да шутира од 6-7 метри и да погоди за 2-2.
Во последните моменти од мечот стативата ги спаси Турците, а потоа Актуркоглу истрча кон празниот гол и погоди за конечни 3-1.
Вечерва во вториот натпревар од оваа група се среќаваат Португалија и Чешка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
