Connect with us

Турскиот трагичар ја заврши репрезентативната кариера

Турскиот напаѓач Бурак Јилмаз ја заврши репрезентативната кариера. Неговата репрезентација со 3-1 беше поразена од Португалија во полуфиналето на квалификациите за Светското првенство во Катар, а тој во 85. минута промаши пенал за израмнување на 2-2.


„Кога го добивме пеналот си реков дека тоа е сигурен гол. Почнав да размислувам за тоа што следува по пеналот. Не ни помислував дека можам да промашам и многу сум разочаран. Жал ми е. Оваа казна ќе ја сонувам секоја вечер до крајот на мојот живот“, изјави Бурак Јилмаз и напомена дека ја завршува репрезентативната кариера.


Последното големо натпреварување на кое настапи беше Европското првенство минатата година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови