Connect with us

Турбуленции во Барселона: Се бара оставка од Лапорта поради срамот со Дани Олмо

Барселона се соочува со сериозни проблеми поради неуспехот да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор за вториот дел од сезоната, што предизвика жестоки критики кон претседателот Жоан Лапорта. Ла Лига вчера потврди дека е одбиено и трето барање на клубот за регистрација на овие играчи, што ги шокираше навивачите.

Ова беше последната можност за регистрација, а единствената надеж на Барселона е судот да ја прифати нивната жалба и да нареди на Ла Лига да ги регистрира играчите. Оваа ситуација се смета за една од најголемите бламажи во историјата на клубот, а Жоан Лапорта се најде под силен притисок.

Иако Лапорта ужива поддршка од голем дел од навивачите, оваа ситуација почна да ја намалува довербата во неговото водство. Противниците на Лапорта, кои долго време чекаа можност да го критикуваат, ја искористија оваа ситуација за да побараат негово повлекување.

Според информациите на каталонскиот „Спорт“, неколку противнички групи во Собранието на Барселона се обединиле со цел да го сменат Лапорта и неговата управа. Тие утрово издадоа официјално соопштение, барајќи итни оставки од тековното раководство.

Доколку оставките не се поднесат, овие групи ќе бараат гласање за доверба на тековната управа. Сметаат дека има доволно поддршка во Собранието за изгласување на недоверба, што би довело до заминување на Лапорта од позицијата претседател на Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови