Баерн Минхен направи фантастична работа со доведувањето на Хари Кејн од Тотенхем ова лето бидејќи англискиот напаѓач се покажа како одлично засилување. Но, Томас Тухел признава дека постои фудбалер кој е неговата најголема желба и за кого би направил сѐ да го доведе во својот тим.
Баварците потрошија дури 100 милиони евра за да го доведат Кејн од Тотенхем, но веќе на сите им е јасно дека парите ги вложија на одличен начин бидејќи Англичанецот се покажа како потпис од соништата.
На 16 натпревари Кејн постигна неверојатни 21 гол во сите натпреварувања, а додаде уште седум асистенции.
Сепак, Томас Тухел призна дека доведувањето на Кејн не му ја исполнило најголемата желба и во разговор за француските медиуми откри кого многу би сакал да го види во тимот на Баерн.
Станува збор за Килијан Мбапе, со кого германскиот стручњак имаше можност да соработува во ПСЖ, а свесен е за каков играч станува збор. Тухел не ја крие желбата дека би сакал да го има Мбапе во својот тим, но прашање е колку е реално Баерн да го доведе Французинот.
Колку Тухел е маѓепсан од игрите на офанзивецот на ПСЖ најдобро говори податокот што тој изјави дека ќе замине во Париз со велосипед да го земе Мбапе доколку е потребно, само тој да дојде во Баерн.
„Дали го сакам Мбапе во Баерн? Да, да, јасно е дека секој би го сакал во својот тим. Килијан е фантастичен фудбалер. Неверојатно интелигентен и одлично момче. Имаме добри односи и ако сака да дојде кај нас јас ќе одам со велосипед да го земам ако треба“, рече со насмевка тренерот на Баерн Минхен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













