Connect with us

Тухел сака гранитна одбрана: Челси тргнува по Жул Кунде

Челси тргна во комплетно реновирање на одбраната. По трансферот на Кулибали од Наполи за 40 милиони евра, лондончани сега ќе се насочат кон друг дефанзивец.


Станува збор за дефанзивецот на Севилја и француски репрезентативец, Жул Кунде, кој е најголема желба на Томас Тухел.


Челси е подготвен да ја победи конкуренцијата и ќе даде понуда од 60 милиони евра плус бонуси. За Кунде е заинтересирана и Барселона.


Тухел сака да донесе двајца врвни дефанзивци после заминувањето на Рудигер и на Кристенсен, па со Кунде и Кулибали ќе направи нов бедем во одбраната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови