
Фудбалската асоцијација на Англија официјално ја потврди веста за назначувањето на Томас Тухел за селектор на националниот тим. Поранешниот тренер на Челси, Пари Сен Жермен и Баерн Минхен ќе ја започне својата работа на 1 јануари 2025 година, а Ентони Бари, кого ФА го опишува како „меѓународно познат англиски тренер“, ќе биде помошник на Германецот.
Тухел го потпишал договорот уште на 8 октомври, но ФА објаснува дека го одложиле официјалното соопштување на веста за да не ја нарушат концентрацијата на играчите околу натпреварите на националниот тим. Асоцијацијата не го открива траењето на договорот, но според англиските медиуми тој е на 18 месеци.
„Многу сум горд што ми беше укажана честа да го водам тимот на Англија. Од поодамна имам чувство на лична поврзаност со фудбалот во оваа земја, која веќе ми донесе некои неверојатни моменти. Да се има шанса да се претставува Англија е огромна привилегија, а можноста да се работи со толку талентирана група играчи е многу возбудлива. Работејќи со мојот асистент Ентони, ќе направиме сè што е можно за да го направиме тимот на Англија успешен и да ги направиме навивачите горди. Сакам да се заблагодарам на ФА, особено на Марк и Џон, за нивната доверба. Со нетрпение го очекувам нашето заедничко патување“, изјави Тухел во своето обраќање.
51-годишниот Германец ќе стане 20. менаџер на Англија и само третиот странец по Свен-Горан Ериксон и Фабио Капело.
Привремениот селектор Ли Карсли ќе продолжи да го води тимот и на натпреварите против Грција и Ирска следниот месец, кои ќе бидат неговите последни како предводник на сениорскиот тим. Потоа тој ќе се врати во тимот до 21 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
