
Томас Тухел останува на чело на Баерн Минхен и покрај срамниот пораз на тимот од Хајденхајм во Бундеслигата со 3-2. Tој сигурно ќе го води тимот на гостувањето кај Арсенал во Лондон во вторник во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Ова го потврија директорите Макс Еберл и Криштоф Фројнд по фијаското на стадионот на новајлијата во Бундес-лигата.
Во принцип, веќе е одлучено Тухел да ги напушти Баварците на крајот од сезоната, но лошите перформанси и резултати доведоа до очекувања дека тоа може да се случи уште порано.
„Не размислуваме да го отпуштиме Томас Тухел сега. Тренерот не е секогаш проблемот. Сигурно ќе биде на клупата во Лондон. Сепак, не можам дефинитивно да одговорам дали ќе остане тука до самиот крај на сезоната“, изјави спортскиот директор Макс Еберл.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
