Томас Тухел нема да биде тренер на Баерн Минхен следната сезона. Иако постоеја шанси тој да се премисли, со оглед дека таков развој најави и клубот, сепак, Тухел денеска потврди дека присуствува на последната прес-конференција како тренер на Баерн Минхен.
„Ова е моја последна прес-конференција како тренер на Баерн“, изјави Тухел. „Имаше разговори, но не постигнавме договор, па одлуката од февруари останува“.
Раководството на Баерн Минхен подолг период не успеа да пронајде нов тренер, откако на Тухел му најави разделба уште во февруари. Потоа имаше пресврт и повторно имаше разговори со Тухел за негово останување, но очигледно дека не дадоа позитивен ефект.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













