Томас Тухел го одбил можниот трансфер на Кристијано Роналдо во Челси, на совет на Ралф Рангник. Поранешниот привремен менаџер на Манчестер Јунајтед го советувал Тухел да не потпише со Кристијано Роналдо.
37-годишниот Португалец сакаше да замине од Манчестер Јунајтед ова лето во потрага по фудбал во Лигата на шампионите. Челси беше меѓу кандидатите за нов клуб на Роналдо, но на крајот лондонскиот тим не се обиде да го ангажира Португалецот, по разговорите меѓу Тухел и сопственикот на клубот Тод Боели.
Според медиумите на Островот, Тод Боели се залагал за потпис на Кристијано Роналдо бидејќи му се допаѓала идејата да го гради нападот околу него. Но, Тухел се спротивставил на трансферот по совет на блискиот пријател и поранешен менаџер на Јунајтед, Ралф Рангник.
Советите на Рангник не се изненадувачки откако тој ги критикуваше пресинг способностите на Роналдо за време на мечевите на крајот од минатата сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













