Connect with us

Тухел го тргна од составот, а Лукаку сака да си оди од Челси – веднаш!

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку сака експресно да го напушти Челси. Интервјуто на Белгиецот го вклучи алармот во Челси дека работите не функционираат како што мислеа дека ќе функционираат ова лето. Засилувањето од 100 милиони евра не се радува на својата улога и минутажа, а сега, сигурно, ќе игра уште помалку.


Тухел го изостави од списокот на играчи кои ќе играат денеска на дербито со Ливерпул, што е јасен показател како може да се одвиваат работите доколку во меѓувреме работата не се „измазни“.

„Лукаку само сака да се врати во Интер. Веќе е уморен од Лондон, уморен од живеење во Англија. Зад сцената ми кажа дека сака веднаш да замине во Интер“, откри Марко Барзаги.

Лукаку ја префрли топката кај „нероаѕурите“. Но, прашање е дали ќе реагираат бидејќи не се финансиски најстабилни. Летово ги продадоа Лукаку и Хакими за да соберат пари за стабилизација на клубот, па затоа Антонио Конте го напушти Милано.

Тешко е да се поверува дека сега ќе биде повлечен потег за враќање на Лукаку доколку Интер во меѓувреме не смени сопственик, за што се почесто се зборува.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови