Connect with us

Тудор позитивен на Ковид-19

Хрватскиот стратег Игор Тудор е позитивен на Ковид-19, објави италијанскиот калчолигаш Верона. Клубот објави дека Тудор бил вакциниран, дека се чувствува добро и дека е во домашна изолација.


Со оглед дека во моментов има пауза во првенството поради репрезентативните акции, овој позитивен тест на Тудор нема да му наштети на клубот кој во последно време игра во одлична форма.

По трите стартни порази во сезоната, Тудор дојде на кормилото на Верона и во Серија А оттогаш оствари четири победи, четири ремија и само еден пораз.

Верона моментно е на десеттото место на табелата, а момците на Тудор меѓу другите ги победија Рома, Лацио и Јувентус. Во последното коло ремизираа на гости кај водечкиот Наполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови