
По осум години минати во клубот, капитенот и најдобар играч на Лацио Чиро Имобиле ќе го напушти „Олимпико“ на крајот од сезоната.
Имобиле четирипати беше најдобар стрелец во италијанската Серија А, 34-годишниот се смета за еден од најдобрите напаѓачи што некогаш играл за Римјаните, но се чини дека неговото време во Лацио е завршено.
Иако договорот му истекува дури во летото 2026 година, најдобриот стрелец во клупската историја не е во плановите на новиот хрватски тренер Игор Тудор, кој веќе најде замена за него.
Како што пишува италијанска „Ла Република“, следното лето Лацио ќе тргне по центарфорот на Џенова, Матео Ретеги, италијанскиот репрезентативец, роден во Аргентина.
Ретеги има 24 години, оваа сезона за Џенова постигна осум гола на 26 натпревари.
Џенова за трансферот на Ретеги ќе бара околу 25.000.000 евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal