Српскиот првак Црвена звезда е заинтересиран за напаѓачот на АЗ Алкмар, Вангелис Павлидис, пишува „Спорт Клуб“.
Црвена звезда е во почетна фаза на преговори со АЗ Алкмар и грчкиот стрелец Вангелис Павлидис, кој минатата сезона во Ередивизие ги тресеше мрежите на ривалите дури 29 пати на 34 натпревари. Тој постигна вкупно 33 гола во сите натпреварувања и е фудбалер кој привлекува големо внимание на пазарот.
За него е заинтересирана Бенфика, но Црвена Звезда ќе се обиде да го убеди да дојде во Белград.
Лука Илиќ неодамна беше промовиран на „Маракана“ како прво летно засилување на Црвена Звезда, а се зборува за враќање на Немања Радоњиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













