
Српскиот првак Црвена Звезда бара од претседателот Александар Вучиќ да дозволи спектаклот на белградска „Маракана“ против Милан во нокаут фазата од Лигата на Европа да се одигра пред 15.000 гледачи. Раководството на клубот испрати официјално соопштение до претседателот на државата во кое бара да се дозволи присуство на 30% навивачи од вкупниот капацитет на стадионот. Ваквата можност ја дозволува УЕФА, а последниот збор го имаат државните власти во секоја земја.
„Веруваме дека со силата на вашиот авторитет можете да ни помогнете да го дочекаме Милан, со кој имаме голема традиција на меѓусебни дуели, со поддршка од навивачите на трибините. ФК Црвена Звезда при организацијата на натпреварот би ги почитувала сите пропишани мерки за Ковид-19: обезбедување физичка дистанца, носење маски, проверка на телесната температура и други елементи пропишани според строгите критериуми на државниот кризен штаб и на УЕФА“, се вели во соопштението на Црвена Звезда до претседателот на Србија.
Црвена Звезда в четврток треба да биде домаќин на Милан во првиот меч од 1/16-финалето во Лигата на Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике

Евро-фудбал
Спалети пред отказ по дебаклот против Норвешка
