
Италијанскиот второлигаш Комо и официјално го објави трансферот на поранешниот шпански репрезентативец Џеск Фабрегас. Ова се случи преку видео кое скромниот клуб го објави на социјалните мрежи.
На него се гледа како 35-годишниот играч од средниот ред пристигнува на стадионот на клубот на езерото Комо за да ги поздрави многубројните навивачи кои чекаат и да потпише автограми.
Се верува дека Фабрегас е под договор за следните две сезони, по што потенцијално би можел да започне тренерска кариера во клубот. Искусниот фудбалер за првпат ќе игра во Италија, но има големо искуство во Англија, Шпанија и во Франција со Арсенал, Барселона, Чесзи и Монако.
На клупско ниво, играчот од средниот ред има вкупно 723 настапи со 125 гола и 215 асистенции, со две титули во Премиер – лигата, една Ла Лига и една Лига Европа во неговата богата колекција на трофеи.
Со репрезентацијата на Шпанија има одиграно 110 натпревари со 15 голови и 36 асистенции, со што е светски и двократен европски првак.
The wait is (almost) over 🔵⚪️ @cesc4official pic.twitter.com/KOX646eLsZ
— Como1907 (@Como_1907) August 1, 2022

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс го доби дербито против Струга ТЛ и се врати во ритам во трка...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Александар Васоски (Силекс)
Силекс загуби од Вардар на арената „Тодор Проески“ во четвртфиналето на Купот, но потоа...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн се договорил со Џошуа Кимих за нов договор
