Фудбалерите на Овиедo и Еспањол синоќа стоеја на теренот околу дваесетина секунди во знак на протест против челниците на Ла Лига.
Сојузот на играчи е солидарен. Барем засега. Самото отворање на деветтото коло во Ла Лига започна контроверзно, откако тамошниот шампионат наложи сите носители на ТВ-права на натпреварот меѓу Овиего и Еспањол, а потоа и на секој нареден меч во ова коло, да започнат со околу тридесетина секунди задоцнување.
Причината се крие во протестите кои ги поведоа фудбалерите, против одлуката натпреварот помеѓу Вилјареал и Барселона на 20 декември да се игра во Мајами од комерцијални причини, со што „жолтата подморница“ го губи легитимното право да игра дома, додека каталонците во вториот дел од сезоната ќе го пречекаат истиот тим на својот стадион.
Шпанската фудбалска федерација ја поддржа оваа акција на играчите, кои се жалат на недостаток на транспарентност и конзистентност на Ла Лига кон фудбалерите.
Така, 22 фудбалери на Овиедо и на Еспањол стоеја на теренот првите 15 секунди во знак на протест, но ТВ преносот започна откако топката почна да се движи. Ла Лига на овој начин се обиде и ќе продолжи да се обидува и на следните натпревари, да ја цензурира позицијата на луѓето без кои играта не би била можно, навистина срамен потег.
Единствените играчи кои нема да протестираат се фудбалерите на Барселона и Вилјареал, иако го поддржуваат заедничкиот став, за да се избегне толкување на акцијата како мерка на некој од клубовите.
Од Фудбалската федерација на Шпанија повикаа навивачите првите 15 секунди да го поддржат тимот на теренот со стоечки аплаузи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













