
Шкендија утревечер (20 часот) на арената „Тодор Проески“ го пречекува Хавердфордвест во првото квалификациско коло од Конференциската лига. Тренерот Ардијан Нухиу вели дека противникот е добро анализиран, но сѐ ќе зависи од изданието на Шкендија.
„Веќе 40 дена работиме со тимот на Шкендија, имаме квалитетен тим, донесовме и одредени засилувања, а можам да кажам дека сме отворени и за нови имиња, доколку тоа процениме дека ќе биде потребно. Но, сега сме фокусирани само на мечот против Хавердфордвест, ги анализиравме добро и знаеме како треба да одиграме. Нивните слаби точки ги знаеме и тоа им е пренесено на фудбалерите. Од натпревар во натпревар ќе бидеме се подобри, а Шкендија на секој меч оди на победа“, изјави Ардијан Нухиу.
Енур Тотре најави дека Шкендија има цел да влезе во групната фаза од ова европско натпреварување.
„Среќен сум што бев дел од таа златна генерација на Шкендија која играше во Европа во плеј-оф, но сега е нов тим, нов тренер, нов момент, но амбициите остануваат да направиме добар резултат на меѓународна сцена, зошто да не и групна фаза. Имавме доволно време да се подготвиме за овој меч и мислам дека сме подготвени да одговориме на предизвикот. Го анализираме противникот, ги знаеме нивните слаби точки. Се надевам дека ќе ги исполниме очекувањата и задачите од стручниот штаб и верувам во позитивен резултат“, изјави Тотре.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
