Вечното италијанско дерби меѓу Јувентус и Интер донесе вистинска фудбалска драма со дури седум погодоци. „Старата дама“ на крајот оствари победа од 4-3 и ги освои трите бода во третото коло од Серија А.
Дуелот започна фуриозно – во 14. минута Кели го отвори резултатот за 1-0, но Чалханоглу брзо успеа да израмни. Сепак, Јилдиз со одличен удар во самиот финиш на првото полувреме донесе нова предност за Јувентус (2-1).
Во второто полувреме Интер се врати во игра. Чалханоглу со втор погодок израмни на 2-2, а Маркус Турам во 76. минута донесе целосен пресврт (2-3).
Сепак, радоста на „нероаѕурите“ траеше кратко. Кефрен Турам израмни на 3-3 во 83. минута, а драмата ја заокружи Василије Аџиќ во судиското надополнување со фантастичен гол од далечина за конечни 4-3.
Јувентус со овој триумф испрати јасна порака дека е подготвен за борба на врвот во Серија А, додека Интер ќе мора брзо да се консолидира по првиот тежок пораз сезонава.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за дуелот со Реал Сосиедад
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













