Англискиот премиерлигаш Њукасл ја затвори тренинг – базата, а сите фудбалери од првиот тим се во изолација. Ова откако неколку фудбалери и членови на стручниот штаб се позитивни на Covid-19.
Но, Њукасл ќе мора в петок да го одигра мечот против Астон Вила од наредното коло. Правилата на Премиер – лигата се јасни, клубот нема да може да го одложи натпреварот се додека има 14 фудбалери способни за настап. Доколку нема во сениорскиот тим, ќе може да повлече играчи и од тимот до 23 години.
Премер – лигата денеска потврди дека има десет позитивни тестови од вкупно 1381 тест кај фудбалерите од елитното натпреварување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













