
Сѐ поизвесно е дека ова ќе биде последната сезона на играчот од средниот ред Лука Модриќ во Реал Мадрид, пишува „Релево“. Показател за очекуваната разделба е натпреварот против Лајпциг во Лигата на шампионите, забележуваат шпанските медиуми.
Модриќ остана на клупата и не забележа ниту една минута на теренот, нешто што не му се случило на елиминациски натпревар на Реал Мадрид во ова натпреварување од сезоната 2017/18.
За 38-годишниот фудбалер тоа беше шести натпревар во сезоната во кој остана на клупата во текот на целиот меч.
Тој е, исто така, вториот играч од средниот ред со најмала минутажа во сезоната зад Дани Себалјос, откако беше на теренот само со 45% од можниот максимум, или во просек 42 минути по натпревар.
Така, гостувањето во Лајпциг, на кое Реал победи со 0-1, конечно го потврди мислењето на Лука Модриќ дека е дојдено време да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ по 12-годишен престој. Тој минатото лето ги одби богатите понуди од Саудиска Арабија со надеж дека ќе добие доволно време за игра, но веќе не е меѓу редовните стартери на Карло Анчелоти. Иако е лут поради статусот на резерва, хрватскиот репрезентативец внимава да не ја расипе добрата атмосфера во тимот со својата огорченост.
Сепак, клубот исто така смета дека е време да се збогува со една од нивните легенди со оглед на фактот дека неговиот договор истекува на крајот од сезоната и најверојатно нема да биде обновен. Оттаму сакаат да го испратат својот долгогодишен фудбалер на најемотивен и најпријатен можен начин. Дури се размислува и неговото заминување да се најави пред крајот на сезоната, за да можат и навивачите соодветно да се простат од својот миленик. Нешто што Барселона го направи со Андрес Иниеста во 2018 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рома го промовираше Гасперини (ФОТО)

Интернационалци
Томче Гроздановски се враќа во Словачка?

Интернационалци
Олимпија Љубљана нуди милион евра за Димитар Митровски

Евро-фудбал
Меси го напушта Интер Мајами
