
По три години Интер повторно е шампион на Италија, а веќе се познати имињата на тројцата играчи кои ќе го напуштат клубот како слободни агенти по освојувањето на „скудетото“.
Веднаш по завршувањето на сезоната во Серија А беше јасно дека од „Џузепе Меаца“ ќе си замине чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез.
Логично е заминувањето и на Стефано Сенси, по само четири настапи во сезоната на кои постигна еден гол.
Уште еден играч со скромна минутажа заминува по завршувањето на договорот. Тоа е холандскиот репрезентативец, Дејви Класен.
Тој дојде во Интер минатото лето од Ајакс, а во Серија А одигра вкупно 196 минути на 13 натпревари.
Претходно во кариерата го носеше дресот на Вердер, Евертон и на Ајакс каде ја започна професионалната играчка кариера.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
