Connect with us

Триумф за Џенова, еден час за Пандев (ВИДЕО)

Џенова оствари важна победа на гости (2-3) против Калјари во третото коло од Серија А. По двата порази на стартот, тимот на Горан Пандев одигра одлично во второто полувреме и славеше триумф со пресврт. Пандев беше стартер и одигра еден час, а победата со два гола ја донесе Мохамед Фарес.

Удинезе на гости славеше со 0-1 против Специја со голот на Лазар Самарџиќ во 89.минута. Торино беше ефикасен против Салернитана и победи со 4-0, со головите на Санабрија, Бремер, Побега и Лукиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови