Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски продолжи со одличните игри во дресот на АЕК Ларнака, постигнувајќи два погодоци во дербито против Омонија што заврши со резултат 2-2. Гостите се наоѓаа на чекор до голема победа, но Тричковски со гол во судиското продолжение им донесе огромна радост на домашните навивачи во Ларнака.
Интересно, мечот почна лошо за Тричковски, кој во 10. минута промаши пенал за домаќините.Сепак, триесет минути подоцна повторно беше досуден удар од белата точка за АЕК, Тричковски ја презеде одговорноста и овојпат биеше прецизно, доведувајќи го својот тим во водство од 1-0. Омонија пред крајот на полувремето израмни, а потоа на стартот од вториот дел поведе со 1-2, но славјето на гостите од расипа Тричковски со гол во 98. минута, повторно постигнат со удар од белата точка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













