Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски синоќа и официјално го доби признанието за најдобар фудбалер на кипарскиот шампионат за сезоната 2018/2019.
Македонскиот ас беше предводник на тимот на АЕК Ларнака во изминатите десетина месеци, за што сосема заслужено собра најмногу гласови од сите тренери во кипарскиот шампионат. Тричковски беше ѕвезда на вечерта на гала-вечерата организирана од Кипарската Фудбалска Федерација, на која Македонецот и официјално го прими МВП-признанието.
„За мене претставува огромна чест едно вакво признание во првенство кое навистина изобилува со одлични фудбалери. Ова признание е секако обврска повеќе и за се што и натаму следи за мене во кипарскиот шампионат. Им благодарам на соиграчите и на целиот тим, како и навивачите на АЕК Ларнака, за максималната поддршка во текот на целата сезона. Ова е признание и за целиот тим“ – изјави Тричковски на официјалната свеченост.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Интернационалци
Александар Трајковски се приклучи на Локомотива Загреб
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













