Три англиски клуба сакаат да го тужат Евертон на кој му беа одземени 10 бода. Барнли, Лидс и Лестер имаат намера да го изведат Евертон на суд откако клубот беше прогласен за виновен за прекршување на финансиските правила. Вкупниот износ на побарувањето е 300 милиони фунти. Таа е формирана од проценката на клубовите за штетата што им е нанесена од неиспаѓањето на Евертон.
Шефовите на Барнли, Лидс и Лестер одржаа разговори на кои беа потврдени намерите на клубовите.
Минатата сезона Евертон избегна испаѓање од Премиер – лигата во последното коло, додека Лидс и Лестер отидоа во Чемпионшип. Барнли ги поддржува бидејќи веруваат дека Евертон ги прекршил правилата за финансискиот фер-плеј и во сезоната 2021/22. Барнли потоа испадна од Премиер – лигата.
Сите три клуба го изразија своето незадоволство поради тоа што минатата сезона не беше донесена пресуда за случајот со Евертон. Откако Премиер – лигата го прогласи Евертон за виновен, клубовите сметаат дека се во уште посилна позиција.
Минатиот месец Барнли, Лидс и Лестер напишаа заедничко писмо до Премиер – лигата и истакнаа дека планираат да го одведат Евертон на суд доколку бидат прогласени за виновни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













