Луис Муриел пристигна во Аталанта како големо засилување. Напаѓачот во претходниот период апсолутно ја оправда довербата што му ја даваше Гасперини. Но, тој повеќе не сака да го носи дресот на клубот Бергамо.
Причината е јасна, Муриел не е стандарден првотимец во моментот. Во игра најмногу влегува од клупата и тоа му пречи. Затоа сака да го напушти клубот во јануари.
За неговите услуги се заинтересирани три италијански гиганти, Јувентус, Интер и Милан. Колумбиецот оваа сезона одигра само 513 минути во Серија А и за тоа време успеа двапати да се запише во листата на стрелците, додавајќи и пет асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













