
Неколку трансфери на Наполи, Јувентус, Манчестер Сити се најдоа под лупата на Фудбалската федерација на Италија. Во центарот на вниманието се неколку трансфери на Јувентус и тие изнесуваат капитална добивка од 40 милиони евра за „бјанконерите“.
Претходно денес, “Ла Република” изјави дека Италијанската фудбалска федерација треба да истражи околу 62 трансфери во кои се вклучени италијански клубови. Предмет на истрага е и преселбата на Виктор Осимен од Лил во Наполи. Главната причина за истрагата е преголемата капиталната добивка на клубовите заработена преку овие трансфери.
Под лупа е и преминот на Жоао Кансело во Сити, чиј трансфер, наводно, бил во замена за Данило, кој пак замина на “Алијанц Стадион” во Торино. Благодарение на ова, Јуве додатно заработил околку 29 милиони евра капитална добивка. Исто така, се разгледува и преминот на Миралем Пјаниќ во Барселона, за неверојатна сума од 60 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе

Евро-фудбал
Нејмар повторно се повреди
