Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд следното лето ќе ја напушти Борусија Дортмунд. Феноменалниот 21-годишен фудбалер реши да го направи следниот чекор во кариерата, а тоа неодамна го потврди и неговиот агент Мино Раиола.
„Тој ќе го направи следниот чекор во кариерата. Баерн, Реал, Барселона и Манчестер Сити се клубовите каде што може да оди“, изјави Раиола.
Баерн Минхен, сепак, сам се исклучи од комбинација и истакна дека не го интересира работата околу Халанд, Барселона нема пари да го финансира трансферот, а германскиот весник „Билд“ ги откри имињата на три клуба кои се подготвени да одвојат пари за Норвежанецот.
Тоа се Реал Мадрид, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Тие се подготвени да издвојат 75 милиони евра отштета за Борусија Дортмунд, но целиот трансфер ќе чини многу повеќе.
Платата на Халанд и менаџерските клаузули ќе го подигнат трансферот на околу 300 милиони евра и овие гиганти се подготвени да ја започнат борбата за Халанд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













