
Дефанзивецот на Челси, Тревох Чалоба, е понуден на Борусија Дортмунд за јануарскиот преоден рок, открива „Билд“. 24-годишниот фудбалер е надвор од тимот на Маурисио Покетино оваа сезона поради повреда на бутниот мускул и продолжува да минува низ рехабилитациски процес. За него сѐ повеќе се шпекулира дека сака да го напушти „Стемфорд Бриџ“ во последните месеци и веќе гледа кон нов клуб.
Во моментов Челси има неколку опции во центарот на одбраната. Аксел Дисаси се наметна како стартер во тимот на Маурисио Покетино, а партнери во различни натпревари му се Тијаго Силва и Леви Колвил. На „Стемфорд Бриџ“ ги имаат и Беноа Бадијашил и Весли Фофана, но овој се опоравува од повредата и ќе отсуствува уште неколку месеци.
Во овој шампионат на Чалоба ќе му биде тешко да се стекне со стартно место. Тој и изминатото лето даде барање дека сака да си замине, но потоа не дојде до трансфер. Сепак, се чини дека претстојната зима веројатноста да замине е многу поголема.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
